ECMIRom home page
 
ECMIRom ECMIRom


Ромски експертски групи за интеграција на Ромите

Република Македонија

Со активностите на експертските групи секојдневно управува меѓународен проектен менаџер во Скопје, како и национален проектен менаџер и национален секретар / проектен асистент извлечени од ромското население. Сите три лица беа ангажирани конкретно за целите на овој проект преку отворен конкурс.


Гордана Родиќ
(Холандија)
Програмски менаџер

 

Со магистерска диплома во областа на англиски јазик и литература од Универзитетот во Утрехт, каде специјализирала во американски студии, Г-ѓа Родиќ има значително работно искуство во НВО секторот во различни региони од поранешната Југославија како и во Холандија. Во изминатите години, таа била вработена во УНПРОФОР, Одделенија за женски студии при Универзитетот во Утрехт, и холандската невладина организација Фарос (Центар за експертиза за бегалци и здравство), каде што работела како службено лице за меѓународни работи. Преку нејзината работа со друга холандска невладина организација, Адмира, Г-ѓа Родиќ претходно имала можност да работи со ромски НВОа во Македонија и Србија во однос на прашањата на дискриминација и нејзиното влијание врз семејното насилство.


Ибрахим Ибрахими ( Македонија)
Проектен менаџер

 

Со диплома по економија, Г-н Ибрахими е запишан на магистерската програма на Економскиот факултет во Скопје. Пред да се приклучи кон ЕЦМП, Г-н Ибрахими беше вработен како програмски менаџер во Ромаверитас, ромската програма за високо образование при фондацијата „Институт отворено општество Македонија“. Претходно работел како консултант на Советот на Европа за Роми и вработување. Г-н Ибрахими во моментов работи како член на ромската делегација од Македонија во Декадата на вклучување на Ромите како и во одборот на македонскиот хелсиншки комитет.


Саит Демир
(Македонија)
Секретар/проектен асистент



Дипломиран од универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, Г-н Демир има диплома во областа на машинско инженерство. Г-н Демир има интерес за компјутери и инженерство и има три години работно искуство во невладиниот сектор како сметководител на проекти со Роми.

 




ЕЦМП има своја работна регионална канцеларија во Скопје од првата половина на 2001 година. Тимот на регионалната канцеларија кој има активна улога во сите фази на проектот, до ноември 2004 година, беше под водство на:


Сунур Верма (Индија)
Советник на проектот

Кардио хирург по образование, Др. Верма е исто така експерт про проектен менаџмент, пишување предлози, собирање средства, преговори и организациска одржливост. По неговата работа како медицински советник на Програмата за хуманитарна евакуација на Високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР) во текот на косовската криза во 1999 година, тој работел како консултант за проектен менаџмент во Центарот за студии за бегалци и присилно раселување во Скопје. По неговото приклучување кон ЕЦМП во јануари 2001 година, тој раководел со формирањето на мрежата на невладини организации на ЕЦМП за подобрување на меѓуетничките односи во Република Македонија и развојот на мрежата во ресурс за други национални и регионални иницијативи.


Во рамките на тимот на регионалната канцеларија, проектот црпи од вештините, локалните контакти и искуството на менаџерот на канцеларија и финансии и менаџерот за односи со јавност.



Имплементацијата на проектот е под супервизија на:

Ебен Фридман (САД)
Лидер на проектот

Регионален претставник. По поминати две години теренска работа во Македонија и Словачка, тој го завршил својот докторат во политички науки на Универзитетот во Калифорнија, Сан Диего во септември 2002 година. Насловот на неговата дисертација е „Објаснување на политичката интеграција на малцинствата: Ромите како тежок случај.“ Исто така има и магистерска диплома во политички науки од Универзитетот Џонс Хопкинс. Во ЕЦМИ, Фридман е одговорен за развој и имплементација на проекти чија целна група се Роми.