ECMIRom home page
 
ECMIRom ECMIRom


Ромски експертски групи за интеграција на Ромите

Република Македонија


Експертска група за Граѓански права

                       

Само за членови
Корисник :
Пасворд :


Учесници

Реџепали Чупи, Гостивар. Г-н Чупи е студент на Правниот факултет во Скопје. Од 2002 година тој е член на програмата за високо образование на Ромите на Фондацијата институт отворено општество Македонија (ФИООМ), Romaversitas. Исто така, г-н Чупи бил вклучен во повеќе проекти за подобрување на состојбата на ромското население во Македонија.
Ерџан Демир, Скопје. Студент на втора година на Правниот факултет на Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје. Г-н Демир, исто така, е вработен во Министерството за одбрана.
Анифа Демирвоска, Делчево. Единствената ромска жена адвокат во Македонија. Г-ѓа Демировска се занимава со прашања поврзани со родот, вклучувајќи го домашното насилство и трговијата со луѓе. Активно вклучена во ромското невладино движење од 1995 година, таа во моментов е претседател на ромската НВО Phurt од Делчево.
Ферки Демировски, Делчево. Роден во источна Македонија, но активен и во централна и во западна Македонија. Во централна Македонија, г-н Демировски, во Скопје и во Велес, работи како координатор на граѓанскиот советодавен центар основан од ромската НВО Месечина. Исто така, тој е вработен како асистент во Romaversitas во Скопје. Од друга страна пак во западна Македонија, г-н Демирвоски студира јавна администрација на Универзитетот на југоисточна Европа во Тетово.
Феат Камберовски, Куманово. Г-н Камберовски е основач и претседател на кумановската НВО Арка. Од својата работа во невладиниот сектор, г-н Камберовски на експертската група и носи значително искуство во надгледувањето на постапките на политиките и на судските предмети, како и во давањето правна помош и во образованието за човечките права. Со својата работа, г-н Камберовски изградил одлична соработка со Министерството за внатрешни работи.
Идавер Мемедов, Велес. Г-н Мемедов е на последната година од студиите на Правниот факултет на Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје. Тој, исто така, работи во канцеларијата на Македонскиот хелсиншки комитет за човекови права во Скопје.
Елвис Мемети, Тетово. Студент на политички науки на Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје. Г-н Мемети, исто така е вработен во Министерството за локална самоуправа каде работи во специјализираната работна група за интеграција на Ромите.
Сенад Мустафов, Делчево. По потекло од источна Македонија, г-н Мустафов работел во ромската НВО Phurt. Неодамна е избран за директор на програмата за високо образование на Ромите на Фондацијата институт отворено општество Македонија (ФИООМ), Romaversitas. Г-н Мустафов има правничко образование.
Алма Мустафовска, Крива Паланка. По завршувањето на основното и средното образование во Крива Паланка (североисточна Македонија), г-ца Мустафовска се запишала и дипломирала на Правниот факултет на Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје. Нејзиниот интерес за граѓанските права воопшто и еднаквиот третман на Ромите, особено се манифестираат и во изборот на нејзината професија и во нејзината работа во невладиниот сектор.
Амза Пини, Гостивар. Роден во западна Македонија. Г-н Пини завршил средно теолошко училиште во Скопје пред да премина на двојната програма на студии по теологија и политички науки на Универзитетот во Сараево, Босна и Херцеговина. Г-н Пини, исто така, бил вклучен во повеќе активности на невладиниот сектор.
Мухамед Точи, Гостивар. Член на претседателството на западно-македонската НВО Месечина од нејзиното основање во Гостивар во 1993 година. Г-н Точи се специјализирал за надгледување на човечките права и давање правна помош. Неодамна, тој своето екстензивно искуство во оваа област го искористи за подготовка на граѓанските советодавни центри кои работат низ целата земја. Исто така, г-н Точи учествувал во активности организирани од PER за развој на владината стратегија за Ромите во Македонија.