Основни податоци за проектот
По иницијатива и финансирано од Сида, во јуни 2003 година ЕЦМП ја спроведе првата глобална проценка на потребите на Ромското население во Македонија од септември до ноември 2003 година. По обемно истражување и консултации со локални засегнати страни, проценката беше поделена во четири основни области: образование, здравство, граѓански права, и вработување. За секоја основна област, беше посветено внимание не само на состојбата на ромското население воопшто, туку и на позицијата на жената ромка особено. Беше изготвен наративен извештај од евалуацијата во почетокот на декември 2003 година, а ЕЦМП во моментов развива слични проценки на потребите за дел од соседните земји на Македонија.
Цели
Надоградувајќи ги наодите од проценката на потреби, овој проект има за цел да го зголеми нивото на интеграција на Ромите во општеството во Македонија во целина со тоа што ќе ги опреми со ресурсите потребни за да играат ефективна улога во демократското општество базирано на владеењето на правото како и за успешно да учествуваат на пазар на труд. За таа цел, проектот предвидува основање на ромските експертски групи во четирите основни области. Овие експертски групи ќе дизајнираат и спроведат истражувања за кои сметаат дека се битни,
и кои ќе бидат
како темел на конкретните мерки на политики за подобрување на ромската компаративна понеповолна позиција во овие области.
Активности во претходната година
Во првата половина на првата проектна година, беа финализирани списоците на експертските групи преку интензивен процес на филтрирање, и секоја од четирите експертски групи одржа 24 редовни состаноци, односно вкупно 96 состаноци беа одржани не сметајќи ги околу дваесеттина дополнителни состаноци одржани на иницијатива на експертските групи при спроведувањето на истражувачките проекти. Кратко по нивното формирање, експертските групи доставија група препораки на владата во однос на ревизија на Нацрт стратегијата за Ромите во Република Македонија. По интерактивната проценка на потребите на експертските групи за обука, беа организирани четири обуки за сите експертски групи.
Резултати постигнати во првата година
Првата година на проектот кулминираше со јавната презентација на книгата која ги содржеше шестте истражувачки извештаи изготвени од страна на експертските групи од проектите кои ги дизајнираа и спроведоа со помош на ЕЦМП. Земено во комбинација со фреквенцијата со која членовите на експертските групи се консултирани во однос на современите разавои кои влијаат на Ромите, улогата на проектот до сега во однос на подобрување на координацијата помеѓу релевантните меѓународно финансирани иницијативи, подобрување на односите помеѓу македонската влада и ромските НВОа, и зголемување на нивото на стручност на релевантните владини и не-владини актери укажуваат дека експертските групи се на добар пат да станат самостоечки референтни точки за организации и поединци кои бараат консултации во однос на ромското население во Македонија.
Продожување на проектот
Во првата година од проектот Експертските групи, одржаа 24 состаноци на кои состаноци меѓу другото се разгледуваше Стратегијата за Ромите подготвена од страна на Владата на Република Македонија и каде експертските групи го дадоа најголемиот придонес при финализацијата на овој значаен документ. Експертските групи поминаа повеќе обуки, кои беа пред се насочени кон јакнење на капацитетите на членовите на групите. Во втората половина од првата проектна година експертските групи за интеграција на Ромите спроведоа шест истражувања во четирите области. По две истражувања беа спроведени во експертските групи за образование и права на граѓаните, додека по едно истражување во експертските групи здравство и вработување. За првпат Роми беа вклучени не само во самата теренска работа, но истовремено и во анализата на резултатите и пишувањето на извештајот. Истражувањата ќе послужат како важен извор на информација на Владата и на сите заинтересирани страни чија целна група се Ромите, пред се во креирање на политики со цел подобрување на состаојбата на ромската заедница во дадените области. На крајот од првата проектна година истражувањата на Експертските групи беа презентирани пред претставници на различните министерства, меѓународни организации, како и ромски и неромски организации.
Во текот на втората проектна година, Експертските групи за интеграција ќе продолжат со тренинзи кои ќе бидат насочени кон зајакнување на индивидуалните капацитети на секој од членовите на групите како и кон зајакнување на тимската работа во самите групи и помеѓу нив, со цел да се овозможи тие да продолжат да работа во иднина.
Оваа година, приоритетот ќе биде поставен на понатамошно истражување на Експертскит Групи кои ќе дизајнираат седум извештаи со теми кои ќе им служат на Владата на Република Македонија, меѓународните организации, невладините организации како и на другите фактори кои работат со Ромите во Република Македонија.
|