Земајќи го во предвид малиот број ромски експерти во Македонија и потребата да се осигури дека идните иницијативи наменети за Ромите во Македонија се изготвени и имплементирани од Роми во Македонија, секоја од четирите експертски групи обединува 7 – 11 ромски експерти од целата земја. Исто така, потребата за внимание на положбата на ромските жени и девојки во четирите основни области се задоволува со активно учество на женски ромски експерти во секоја од четирите експертски групи, за кој подолу се дадени листите на членови.
Експертската група за образование е составена од професионалци од повеќе области како што се правници, активисти во НВО, студенти по новинарство и искусни едукатори кои работат директно со ромските деца во рамките и надвор од официјалниот образовен систем. Оваа експертска група се занимава со прашања како што се причините за отпишување на ромските деца од училиште, дискриминацијата во образовниот систем, положбата на ромската жена во образованието, локалната самоуправа и нејзината важност за образованието на Ромите. Дискусиите на оваа група се фокусираа на подобрувањето на националната стратегија за интеграција на Ромите во Македонија.
Експертската група за здравство е составена од активисти во НВО и здравствени работници како и од студенти на медицина и фармација кои го сочинуваат идниот потенцијал за интеграција на Ромите во македонскиот здравствен систем. Дискусиите на оваа група, исто така, се фокусираа на подобрувањето на националната стратегија за интеграција на Ромите во Македонија. Меѓу прашањата од особен интерес разгледани од експертската група за здравство се и најчестите болести на ромското население во Македонија и вакцинацијата на ромските деца. Исто така, членовите на групата, меѓу другото, се заинтересирани и за прашањата на социјалната и здравстевната сигурност и дискриминацијата во здравствениот систем.
Експертската група за вработување во најголем дел е составена од искусни активисти во НВО на полето на вработувањето, од претставници на повеќе македонски министерства, социјални работници и студенти по право. Дискусиите на експертската група за вработување се фокусираа на разни теми како што се: стапките на невработеност кај Ромите, причините за невработеноста, профилите на квалификуваните Роми, како и можностите за оживување на ромските занаети и нивната важност за македонското општество. Друга област на дискусија беше подобрувањето на националната стратегија за интеграција на Ромите во Македонија.
Експертската група за граѓански права е во најголем дел коалиција од правници, студенти на право и активисти во НВО кои имаат интерес за широк спектар општествени прашања од дискриминацијата во рамките на општеството до свеста кај Ромите за универзалните човекови права и слободи. Она што е специфично за оваа експертска група е дека интересите на членовите се тесно поврзани со правните аспекти на здравството, образованието и вработувањето на Ромите во Македонија. Како и кај другите експертски групи, дискусиите на експертската група за човекови права се фокусираше на подобрувањето на националната стратегија за интеграција на Ромите во Македонија. |