| |

Ромски експертски групи за интеграција на Ромите
Република Македонија

|
 |
Експертска
група за
вработување |
Само за членови
|
Ѓултен Далиповска, Скопје. Г-ѓа Далиповска е апсолвент на правниот факултет при универзитетот во Скопје со особен интерес во човечките права на жената. Освен нејзиното работно искуство поврзано со еднаквата застапеност на Ромите во јавните институции во Македонија, Г-ѓа Далиповска е способен обучувач во посредување и лобирање. |
 |
Енвер Јонуз, Скопје. Обучен и вработен како социјален работник, Г-н Јонуз работи во Скопје во општината Чаир. Од 1997 година, исто така бил член на аматерската театарска група Рома. |
 |
Мабера Камбери, Тетово. Професионалното обучување и искуство на Г-ѓа Камбери како социолог од областа на трудот веќе претставува доволна основа за нејзиниот избор да учествува во Експертската група Вработување. Нејзини понатамошни квалификации се нејзиниот интерес за родови прашања, нејзиното членство во Работната група за земјата на Светска Банка, како и нејзиното вработување во Министерството за труд и социјална политика. Г-ѓа Камбери исто така работи во одборот на Фондацијата „Отворено Општество Македонија“. |
 |
Дилбера Камберовска, Куманово. Претседател и основач на женската ромска невладина организација Даја од Куманово, со 1993 година Г-ѓа Камберовска е еден од водечките ромски активисти. Особено успешни се иницијативите за стручна обука на Даја, кои се дизајнирани од страна на Г-ѓа Камберовска. |
 |
Ремзи Медик, Битола. И покрај неговата младост Г-н Медик е соосновач на младинска невладина организација а ги докажал своите вештини како организатор на заедницата во Битола. Особено во областа на вработувањето, тој одиграл клучна улога како врска помеѓу локалната канцеларија за вработување и ромската заедница. Г-н Медик исто така учествувал во настани организирани од страна на ПЕР во насока на развој на владина стратегија за Ромите во Македонија. |
 |
Надир Реџепи, Тетово. Г-н Реџепи во Експертската група за ги инкорпорира неговите осум години искуство како програм и проект координатор во Ромската НВО “Сонце”. Како дел од искуството значајно е да се напомене дека тој го координираше изготвувањето на Извештај во сенка за имплементацијата на Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства, како и макро студијата: Идни политики за вработување на Ромите во Македонија. Г-н Реџепи е исто така член на Националната работна група за Декадата за Ромите, подготвувајќи документ за политики и презентации кои имаат национален и регионален импакт. |
 |
Самет Скендери, Гостивар. Основач на ромската невладина организација Месечина, Г-н Скендери во моментов работи како асистент координатор на проект поврзан со образованието, човековите права и јавни политики. Освен тоа, тој работи како советник на програма за подобрување на меѓуетничките односи, и како член на одборот формиран за пишување на извештаи во сенка за имплементацијата на стандардите поврзани со правата на националните малцинства во Македонија. |
 |
Нијази Елмазов, Скопје. Студент на завршната година на Факултетот за физичка култура. Активен член на ромскиот НВО сектор (работел за ANGLUNIPE, FERYP). Г-н Елмазов има посебен интерес за областа на образованието и вработувањето на Ромите. Следел повеќе семинари за развој на проекти, дискриминација и домашно насилство. |
 |
|
|