| |

Ромски експертски групи за интеграција на Ромите
Република Македонија

|
 |

Експертска група за образование |
Само за членови
|
|
Членови
Жаклина Дурмиш, Скопје. Образована како правник, продолжува со магистерски студии по социјална работа и социјална политика на Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје, каде успешно положила повеќе предмети за граѓанското општество. Таа, исто така, работи како правен советник на ромските семејства во канцеларијата на Каритас во Скопје, како соработник во адвокатска канцеларија и како директор на проект кој обезбедува образовна поддршка на ромските деца и младинци. |
 |
Ахмет Јашаревски, Куманово. Еден од двајцата водечки активисти во кумановската ромска НВО Дром. Г-н Јашаревски изготвил и имплементирал проекти во областите на претсшколското, основното образование и образованието на возрасните за ромското население. Тој, исто така во Работната група за земјата на Светска Банка. Исто така, г-н Јашаревски зема учество во манифестациите организирани од американскиот НВО проект за етнички односи (ПЕР) за развивање на владината стратегија за Ромите во Македонија и беше назначен за член на Националната работна група за стратегијата. |
 |
Ѓулсефа Куртеши, Скопје. Наставник во основно училиште со универзитетско образование. г-ца Куртеши работеше во Основното Училиште „Браќа Рамиз и Хамид“ во општината со ромско мнозинско население Шуто Оризари. Таа, исто така, беше член на работната група за граѓански права формирана во рамки на проектот на ЕЦМП „осигурување на имплементацијата на охридскиот договор низ конкретни активности на политиките“. |
 |
Сабина Мустафа, Скопје. г-ца Мустафа е студент по новинарство на Правниот факултет на Универзитетот во Скопје. По завршувањето на стажирањето во Собранието на Република Македонија, таа сега работи во ромскиот студентски магазин Roma Index. |
 |
Роберт Рустем, Скопје. По завршувањето на универзитетските студии по металургија, г-н Рустем сега работи како советник за ромски прашања во Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Со широкото искуство добиено од неговата претходна работа во НВО секторот, г-н Рустем има посебен интерес за областите на разрешувањето на конфликти, образованието и интеркултурните студии. |
 |
Љатифе Шиковска, Скопје. Родена и порасната во западниот македонски град Гостивар, г-ца Шиковска сега постојано живее во Скопје каде е вработена во Младинскиот центар Надеж во Шуто Оризари. Како поранешен професионален играч на фудбал, таа исто така работи како тренер на Отворената фудбалската школа. |
 |
Фатма Бајрам, Скопје. Напреден студент по образование на Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје. Г-ца Бајрам работела за ромска политичка партија пред да почне со студиите на Универзитетот. За време на нејзините студии таа била активна во НВО секторот, особено во поглед на прашањата кои ја погодуваат ромската жена и младина. Моментално, таа е координатор на Ромскиот детски центар во Скопје. |
 |
Рамчо Кундевски, Берово. Г-н Кундевски е студент на Правниот факултет во Скопје. Вработен е како Асистент во програмата за високо образование на Ромите, Ромаверситас при Фондацијата Институт отворено општество-Македонија (ФИООМ). Г-н Кундевски има повеќегодишно искуство во невладиниот сектор и бил вклучен во повеќе проекти и истражувања за подобрување на состојбата на ромското население во Македонија. |
 |
Aјсел Мемет, Скопје - Студент на универзитетот Св.”Кирил и Методиј”, Филозовски факултет, отсек Социјална работа и социјална политика. Активист во повеќе невладини организации, волонтер во Фондација Институт oтворено општество Македонија (ФИООМ) во Ромска програма (Програма за образование на роми ), практикант во општината Гази Баба, оддел за социјалан работа. Има посетено голем број на обуки од областа на образованието, човековите права и друго. |
 |
|
|