Проекти 
 
 
        Тековни проекти



Ромски експертски групи за интеграција на Ромите
Република Македонија

Надоградувајќи на наодите од проценката на потреби, овој проект има за цел да го зголеми нивото на интеграција на ромите во општеството во Македонија во целина со тоа што ќе ги опреми со ресурсите потребни за да играат ефективна улога во демократското општество базирано на владеењето на правото како и за успешно да учествуваат во конкурентски пазар на трудот. За таа цел, проектот предвидува основање на целосно ромски експертски групи во четирите основни области. Овие експертски групи ќе дизајнираат и спроведат истражувања за кои сметаат дека се битни како темел на конкретните мерки на политики за подобрување на ромската компаративна понеповолна позиција во четирите основни области.

Активностите на еспертските групи ќе придонесат за генерирање на податоци корисни за дизајнирање на политиката чија цел е подобрување на компаративната лоша состојба на ромите во четирите основни област, со координација помеѓу експертските групи која ќе овозможи приоретизација на проблемите и развој на акционен план со кој ќе се опфатат овие прашања. Освен тоа, активностите на експертските групи ветуваат дека ќе придонесат за синергии со други иницијативи (вклучувајќи го развивањето на владина стратегија поддржана од Проектот за етнички односи и Декадата на вклучување на ромите на Светската Банка) кои што ќе ја направат целината која ќе произлезе од нив поголема отколку збирот на нејзините составни делови.
повеќе

        Завршени проекти




Кон регионално насоки за интеграција на Ромите
Србија и Црна Гора

Интегрираната анализа на потребите на ромското население во Србија и Црна Гора е втора проценкана потребите на Ромите изготвена од ЕЦМП по иницијатива и финансирање од страна наШведската меѓународна ангенција за развој и соработка (Сида).

Дизајнирана врз основа на методологијата за проценка на потребите која претходно беше успешно применета во првата глобална проценка на потребите на ромското население во Македонија, анализата во Србија и Црна Гора беше дизајнирана со намера дека извештајот кој ќе произлезе од неа би можел да послужи како основа за работата на Сида со Ромите во Србија и Црна Гора. Како и активностите на ЕЦМП со Ромите во Македонија, основната цел на проценката на потребите во Србија и Црна Гора беше да го зголеми нивото на интеграција на ромите во општеството во Задницата во целина со тоа што ќе ги опреми со ресурсите потребни за да играат ефективна улога во демократското општество базирано на владеењето на правото како и за успешно да учествуваат во конкурентски пазар на трудот.

За целите на анализата во Србија и Црна Гора, беа дизајнирани три основни области:миграција, вработување и човекови права. Изборот на основните области ги одразува истражувањето на ЕЦМП и Стратегијата за Земјата за Србија и Црна Гора изготвена од Сида. Како резултат, основните области дизајнирани за анализата во Србија и Црна Гора се разликуваат од оние избрани за проценката на потреби во Македонија. Како и во Македонија, за секоја област беше посветено внимание не само на состојбата на Ромите воопшто, туку и на позицијата на жената ромка особено.
повеќе

Кон регионални насоки за интеграција на Ромите
Република Македонија

По иницијатива и финансирање од Сида, во јуни 2003 година ЕЦМП ја спроведе првата глобална проценка на потребите на Ромското (’циганско‘) население во Македонија од септември до ноември 2003 година. По обемно истражување и консултации со локални засегнати страни, проценката беше поделена на четири основни области: образование, здравство, граѓански права, и вработување. За секоја основна област, беше посветено внимание не само на состојбата на ромското население воопшто, туку и на позицијата на жената ромка особено.

Проценката на потреби беше дизајнирана со намера од неа да произлезе извештај за евалуација кој би можел да послужи како темел за стратегија насочена кон зголемување на интеграцијата на Ромите во општеството во целина со тоа што ќе ги опреми со ресурсите потребни за да играат ефективна улога во демократското општество базирано на владеењето на правото како и за успешно да учествуваат во конкурентски пазар на трудот.
повеќе


назад на почеток