| |
ЕЦМП Фленсбург поседува меѓународен тим на истражувачи и експерти за управување со конфликти, како и поддршка од административна инфраструктура со искуство поврзано со организирање на меѓународни конференции, состаноци и тренинг семинари. Овој проект го администрираа следниве лица од персоналот во Фленсбург:
|
Eben Friedman (САД)
Водач на проектот
 |
Истражувачки соработник. По поминување две години во спроведување на теренска работа во Македонија и Словачка, го завршил својот докторат во политички науки на Универзитетот на Калифорнија, Сан Диего во септември 2002 година. Насловот на дисертацијата беше "Објаснување на политичката интеграција на малцинствата: Ромите како тежок случај". Тој исто така има магистерска диплома по политички науки од Универзитетот Johns Hopkins.
|
|
Во Македонија ЕЦМП има Регионална канцеларија од првата половина на 2001 година. Тимот од Регионалната канцеларија, кој активно учествуваше во сите фази на проектот, го водеше:
Sunoor Verma (Индија)
Советник на проектот
 |
Кардиохирург според образование, Др. Верма е исто експерт за проектен менаџмент, пишување на предлози, прибирање средства, преговори и организациска одржливост. По работење како медицински советник на Програма за хуманитарна евакуација на Високиот комесаријат за бегалци (УНХЦР) во текот на Косовската бегалска криза во 1999 година, работел како консултант за проектен менаџмент за Центарот за студии за бегалци и присилн миграции во Скопје. Од неговото доаѓање во ЕЦМП во јануари 2001 година, го водеше формирањето на ЕЦМП НВО Мрежата за подобрување на меѓуетничките односи во Република Македонија и развој на мрежата во ресурси за други национални и регионални иницијативи.
|
|
За целите на проценката на потребите, беа ангажирани два локални истражувачки асистенти на одредено време со цел да обезведуваат поддршка на имплементацијата на проектот.
Ѓултен Далиповска (Македонија)
Истражувачки асистент
 |
Tрета година на студии на право на Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје. Од почетокот на нејзините студии, работела во различни ромски НВО-и во Скопје, како и во Институтот отворено општество - Програма за жените на Македонија. Г-ца Далиповска работи и како координатор на група на млади Ромки кои спроведувале критичко испитување на улогата на женската девственост во современиот живот на Ромите. Нејзиниот последен ангажман пред да се приклучи на проектниот тим на ЕЦМП бил стажирање во Собранието на Република Македонија |
|
Роберт Рустем (Македонија)
Истражувачки асистент
 |
Aпсолвент на Технолошко-металургшкиот факултет во Скопје. Активен во НВО секторот во Македонија уште од средно училиште, сега работи како тренер во Нансен Дијалог Центарот во Скопје, како и за Советот на Европа. Освен тоа, од октомври 2003 година Г-н Рустем организирал неделна емисија на Македонската Телевизија во врска со проекти кои се во тек во НВО секторот. Тој исто така рабти како консултант за Ромската Асоцијација за Жени и Млади "Лулуди". |
|
|