| |
Фокус групи
Зошто фокус групи?
Генерално, фокус групите се спроведени како серија од регионални еднодневни конференции одржани на различни места вклучувајќи различни региони. Постојат два основни вида фокус групи: маркетиншки и општествено-научни. Додека фокус групите кои се одржуваат за маркетиншка намена вклучуваат презентации и демонстрации, како и дискусии на тркалезна маса, социјално-научните групи може да бидат составени исклучиво од дискусии на тркалезна маса.
Намената на дискусиите на тркалезна маса кои го сочинуваат јадрото на општествено-научните фокус групи е да се идентификуваат најбитните потреби на популациите претставени во фокус групите и да се истражат начините на кои може да се задоволат идентификуваните потреби. Бидејќи идентификацијата на потребите зависи од квалитетот на информациите обезбедени од учесниците во фокус групите, неопходно е учесниците слободно да ги изразат своите мисли. Со други зборови, главната намена на фокус групите е да откријат што навистина мислат учесниците наспроти она што тие мислат дека оние кои го водат и/или спонзорираат истражувањето сакаат да мислат.
|

|
Освен богатите квалитативни податоци кои ги генерираат, фокус групите нудат две значителни предности во однос на другите методологии на истражување за идентификување на потребите на маргинализираните популации.
|
-
Прво, фокус групите се разбирливи за нивните учесници кои нема потреба да имаат искуство со истражувања за да знаат како да учествуваат во конструктивен дијалог.
-
Второ, со обезбедување сигурност на еднаква група, фокус групите ги намалуваат ефектите од разликите во моќта помеѓу учесниците и истражувачите.
|
|
Поставеност на фокус групи
Со по две фокус групи, секоја организирана околу основните области за образование, граѓаснки права и вработување, одделните фокус групи обично беа составени од 10 до 15 лица. Исклучок од оваа генерализација беа двете од четирите фокус групи за здравството, каде проектниот тим сметаше дека е важно одделно да се состане со членовите на ромските заедници од една страна и со професионалци од областа на здравството кои работат во тие заедници од друга страна. Како резултат на тоа, сите четири фокус групи за здравството беа помали од фокус групите организирани околу останатите три основни области.
Причината за организирање повеќе од една фокус група за секоја основна област беше да се осигури географска претставеност на населението кое е опфатено со проценката на потребите така што ќе се осигури дека резултатите од состаноците на фокус групите би биле корисни за изработка на инцијативи на државно ниво со цел зголемување на нивото на интеграција на Ромите во Република Македонија во целина.
|
- Скопје и Куманово беа избрани како градови каде ќе се одржат состаноци на фокус групите за образование, а врз база на карактеристиките на образовните можности достапни на Ромите во предметните градови. На едниот крај е Скопје, каде четири основни училишта нудат настава на ромски јазик, додека Куманово го претставува другиот крај каде судирот помеѓу албанската и македонската етничка заедница доведоа до особено висок степен на занемарување на образовните потреби на Ромите во тој град.
- На сличен начин како и за изборот на градовите каде ќе се состануваат фокус групите за образование, Скопје и Штип беа избрани за фокус групите за здравството бидејќи овие два града ги претсавуваат двата краја на опсегот на вниманието на здравствените потреби на Ромите. Додека домашните и меѓународните иницијативи се фокусираа на ромското население во Скопје (посебно во општината Шуто Оризари), заради својата локација во Источна Македонија, градот Штип во целина доби значително помало внимание така што Ромите во Штип и во околниот регион често беа оставени сами на себе.
- Тетово и Штип ги претставуваат екстремите во Република Македонија во поглед на почитувањето на граѓанските права на Ромите од страна на властите. Додека извештаите за полициската бруталност врз Ромите се релативно невообичаени во Тетово (факт кое е уште позначаен поради тоа што некои од најтешките борби од вооружениот судир во 2001 година се случија во и околу овој западномакедонски град, полициското тепање изгледа дека значително почесто се случува во Источна Македонија, каде населението е похомогено македонско.
- Во западномакедонскиот град Гостивар, Ромите практикуваат широк спектар занимања и постои бројна ромска средна класа која живее во центарот на градот. Од друга страна во Битола, многу малку Роми имаат редовно вработување и голем дел од ромското население живее во екстремно сиромашни, нехигиенски услови. Земајќи ги во предвид најдоброто и најлошото сценарио од гледна точка на вработеноста на ромското насление, Гостивар и Битола беа избрани како градови за фокус групите за вработувањето.
- Скопје беше избрано како место за состанување на фокус групата за жените и девојките Ромки поради релативно централната положба на главниот град и поради бројната концентрација на Ромите. Исто така беа повикани учесници од другите региони на Македонија.
|
Дополнително на земањето во предвид на регионалните варијации, изборот на учесниците во фокус групите беше спроведен на начин да обезбеди демогафска претставеност, земајќи ги во предвид полот, старосната група, социоекономскиот статус и религијата, како и државјанството. Демографската претставеност е особено важна земајќи ги во предвид широките разлики внатре во ромското население во Македонија. Над предвидливите варијации во категориите пол и старост, опсегот на ромското живеење во Македонија оди од недржавјаните кои долги години живеат во шатори (на пр. во предградијата на Гостивар), преку значителната средна класа (на пр. во центарот на Гостивар) до богатите претприемачи (на пр. во Шуто Оризари).
Во дополнение на десетте фокус грипи организирани околу четирите основни области, понатамошните состаноци на фокус групите беа одржани за положбата на жените и девојките Ромки. Следејќи ги резултатите на осумте фокус групи со ромските учесници, дискусијата за женското ромско население се одржа релативно подоцна за да се овозможи земање во предвид на наодите од состаноците кои и претходеа. Исто така, жените од различни возрасни категории сочинуваа околу половина од учесниците во другите фокус групи.
Детални информации за секоја од фокус групите ќе најдете во извештајот
назад на почетокот
|
|