ECMIRom home page
 

 


Кон изготвувањето на
регионални насоки за
интеграцијата на Ромите


Република Македонија


Основни области

Врз основа на широко истражување и консултации со локалните фактори во рамките на подоготовката на овој проект, беа избрани следните четири основни области за проценката на потребите:



Иако секоја од овие основни области претставува одделна група потреби кои бараат посебно разгледување, основните области се наведени според приоритетот. Понатаму, како што ќе покажат наодите на фокус групите, недостатоците на основната област со највисок приоритет - образованието - одат далеку кон објаснувањето на компаративниот недостаток на Ромите во другите основни области. Ниското ниво на образование е последица од кревкото здравје, високо степен на злоставување и високата стапка на невработеност на ромското население. Конечно, иако е јасна потребата за посветување внимане на состојбата на жените Ромки и девојки, прашањата поврзани со женското ромско население се манифестираат во истите основни области кои го погодуваат ромското население воопшто.

ОСНОВНА ОБЛАСТ 1: ОБРАЗОВАНИЕ


Како и насекаде во регионот, Ромите во Македонија имаат најниски стапки на запишување во основното образование и највисоки стапки на напуштање. Според најновите достапни податоци од пописот, 24% од Ромите постари од петнаесет години се неписмени (споредено со вкупната стапка на неписменост од 6% кај целокупното население). Истиот попис покажа значително повисока стапка на неписменот кај жените Ромки од околу 36%. Исто така, според овој попис, 30% од Ромите во Македонија не завршиле основно образование, 33% имаат завршено само основно образование, 9% имаат завршено средно образование и 0,35% имаат завршена некоја повисока форма на образование од средното.

Во учебната 2001/2002 година, ромските деца сочинуваа 1,7% од вкупниот број деца запишани во основно училиште, а околу 3% од вкупното население на возраст помеѓу пет и четрнаесет години (т.е. возраста за посетување основно училиште), покажувајќи стапка на посетеност значително пониска од просечната стапка на ниво на државата која изнесува 84%. Причините за ниската посетеност на основните училишта од страна на Ромите не ги опфаќаат само високите директни трошоци за испраќање на децата во училиште (на пр. книги, опрема, превоз и надоместоци) туку и можноста да заработуваат пари ако работат нешто наместо да одат на училиште (на пр. да продаваат стока за широка потрошувачка) или да просат.

Јазот помеѓу ромското и целокупното население значително се проширува на ниво на средно образование: Иако сочинуваат околу 3% од децата на возраст од петнаесет до деветнаесет години (т.е. возраст за посетување средно образование), Ромите сочинуваат 0,6% од учениците во средните училишта во учебната 2001/2002 година, покажувајќи стапка на посетување на средното образование кај Ромите на ниво од една четвртина од просечната во државата.

Во академската 2002/2003 година, Ромите сочинуваа 0,3% од студентите запишани на високообразовните институции во Република Македонија. Искажано во апсолутни бројки таа година имало 134 ромски студенти. Колку и да е низок тој број, сепак покажува значително подобрување во последната деценија: додека во академската 1993/94 година имало девет примени студенти на универзитетите во Република Македонија кои се изјасниле како Роми, во 1998/99 имало 24 запишани Роми на македонките универзитети, а во академската 2000/2001 година тој број достигнал 40. Исто така вреди да се напомене дека жените сочинуваат над една половина (62%) од ромските студенти.

Образовниот недостаток на ромското население во Македонија во однос на вкупното население е прикажан на подолната табела.

Табела 1. Ниво на образование

Највисоко ниво на
завршено образовние

Основно

Средно

Високо

Ромско население

33.06%

9.24%

0.35%

Вкупно население

33.40%

32.32%

8.70%

Извор: Завод за статистика на Република Македонија

РОМСКИ НАСТАВНИЦИ
Во учебната 2000/2001 година, ромските наставници во основните училишта сочинуваа 0,1% од вкупниот број наставници во основното образование во земјата. Во средното образование биле вработени вкупно двајца професори од ромска националност во текот на 1992/1993 година. На крајот, од 569 професори вработени на државните високообразовни институции во Македонија во академската 1997/98 година, 528 биле етнички Македонци, четворица биле Власи, тројца Албанци и двајца биле Роми.

назад на почетокот



ОСНОВНА ОБЛАСТ 2: ЗДРАВСТВО

Иако вкупната стапка на раѓање кај Ромите во Македонија е околу два пати повисока од вкупната стапка на раѓање за целокупното население, исто така стапката на смртност на децата кај Ромите е двојно повисока од статистиката за целокупното население. Исто така, возрасните Роми во Македонија имаат значително понизок очекуван животен век од неромите, со остар пад на учеството на Ромите во вкупното население постаро од 40 години. Како што ќе биде подетално опишано во наодите на фокус групите за здравството, понискиот очекуван животен век на Ромите произлегува од комбинацијата на лошите услови на живот, недостатокот на пристап кон здравствената заштита и недоволната свест за превентивната здравствена заштита.

Во иста линија со релативно краткиот живот, Ромите се непропорционално погодени од инфективни и хронични болести. Попрецизно, додека болестите на горните дишни патишта се најчести кај Ромите на возраст до четиринаесет години (со дијареа како главен проблем кај ромските деца), возрасните Роми често страдаат од висок крвен притисок и различни видови на неурози. Раната бременост е исто така честа причнина за здравствени проблеми и на мајката и на детето. Околу една четвртина од девојчињата на возраст од петнаесет до деветнаесет години во Шуто Оризари веќе имаат раѓано (во споредба со околу десет проценти кај вкупното население во Македонија).

Во комбинација со постојните проблеми, воведувањето на партициапција за здравствените услуги во државниот здравствен систем резултираше со видлив пад на фреквенцијата со која ромските пациенти бараат медицински совет. Исто така, обемот на лекови достапен преку домашните производители се намали во последните години, водејќи кон замена на лековите од домашно производство со поскапи лекови произведени во странство. Ова води кон незавршувањето на терапија поради економски причини.

Високата стапка на раѓање и краткиот животен век кај Ромите го прави ромското население помладо од целокупното население во Македонија. Поинаку кажано, процентот на деца е повисок, а процентот на постари лица е понизок кај Ромите отколку кај целокупното население.

Табела 2. Старосна структура

Возраст

Вкупно население

Роми

 

Вкупно

Мажи

Жени

Вкупно

Мажи

Жени

Вкупно

100.0

100.0

100.0

100.0

100.0

100.0

0-4

7.8

8.1

7.6

11.1

11.1

11.0

5-9

8.4

8.6

8.2

11.3

11.4

11.3

10-14

8.6

8.8

8.4

11.6

11.8

11.3

15-19

8.4

8.5

8.2

11.0

11.6

10.4

20-24

7.9

8.0

7.7

8.8

9.2

8.3

25-29

7.8

7.9

7.7

7.9

7.8

7.9

30-34

7.6

7.7

7.5

7.6

7.7

7.5

35-39

7.5

7.7

7.3

7.3

7.1

7.5

40-44

7.1

7.1

7.0

6.1

5.9

6.2

45-49

5.7

5.5

5.8

4.2

4.0

4.5

50-54

5.1

5.0

5.2

3.5

3.2

3.8

55-59

4.9

4.8

5.1

3.4

3.4

3.5

60-64

4.6

4.4

4.8

2.7

2.5

2.9

65-69

3.5

3.2

3.7

1.7

1.7

1.8

70-74

2.6

2.4

2.9

0.9

0.8

10

75-79

1.1

1.0

1.2

0.4

0.3

0.4

80-84

0.9

0.8

1.0

0.2

0.1

0.3

85-89

0.3

0.3

0.3

0.1

0.1

0.1

90-94

0.1

0.1

0.1

0.0

0.0

0.0

Извор: Завод за статистика на Република Македонија

назад на почетокот


ОСНОВНА ОБЛАСТ 3: ГРАЃАНСКИ ПРАВА

Ромите се непропорционално застапени помеѓу лицата без дражвјанство и лицата со непознато државјанство кои живеат во Република Македонија. Македонската влада во 1997 година известува за присуство на македонската територија на 4.356 Роми без државјанство и 7.407 Роми со непознато државјанство (од 18.851 лице без државјанство и 68.989 лица со непознато државјанство. Проблемите со државјанството на многу Роми најмногу произлегуваат од барањата на Законот за државјанство од 1992 година за извор на редовен приход, петнаесет години регулиран престој во Македонија, познавање на македонскиот јазик и адмнистративните такси од 50 до 250 долари (во зависност од тоа кога е поднесено барањето). Барањето за постојан извор на приходи се покажа проблематично поради високата стапка на невработеност, додека барањето за петнаесет годишен регулиран престој беше ненадминлива пречка за многу Роми кои никогаш не се пријавиле како жители на Социјалистичка Република Македонија кога се доселиле од другите републики на Социјалистичка Федеративна Република Југославија (многу од нив пред повеќе од петнаесет години). Барањето за познавање на јазикот, од друга страна, исклучи некои млади Роми вратени од западноевропските земји каде израснале и поради тоа имале многу слаб контакт со македонскиот јазик. Дополнително, недостатокот на достапни информации за условите кои ги пропишува законот им оневозможи на многу Роми навремено да побараат државјанство и да го избегнат плаќањето на повисоката такса за натурализација.

Додека етнички мотивираното насилство врз Ромите во Македонија изгледа дека е редок случај, тоа не може да се каже и за полициската бруталност. Иако етнички поделени статистички податоци за полициската бруталност во Република Македонија не се достапни, извештаите на набљудувачите на човековите права кажуваат дека полицијата често ги тепа приведените од било која националност, а припадниците на малцинствата дури и повеќе, вклучувајќи ги и Ромите. Тука е важно да се напомене дека географскиот распоред на полициската бруталност врз Ромите е прилично невоедначена, почесто присутна во источна отколку во Западна Македонија. Исто така значајно е дека при несогласување помеѓу Роми и етнички Македонци, полицијата е склона да застане на страната на Македонците. Додека обидите за изнаоѓање правни лекови против полициската бруталност беа најчесто неуспешни (и ретки), фактот дека ромските граѓани свесни за своите права можат да го искористат правосудниот систем против државните службеници за прекршувања на правата кои не вклучуваат физичко насилство, ја покажа корисноста од образованието за човечки права.

Домашното насилство е табу тема кај сите етнички групи во Република Македонија и не постојат цврсти податоци за овој вид насилство. Сепак, бидејќи домашното насилство се појавува и кај ромското население (како и кај другите етнички групи), неопходно е зголемено внимание на динамиката на ова насилство

назад на почетокот



ОСНОВНА ОБЛАСТ 4: ВРАБОТУВАЊЕ

Додека проценките на националното Биро за вработување и на Економскиот институт покажуваат стапка на невработеност во 2002 година од над 40%, владиното истражување на работната сила од претходната година даде проценка дека стапката на невработеност кај Ромите е 71,8%. Исто така, истражувањето на УНИЦЕФ спроведено во 1996 година покажа дека 97,7% од жените Ромки немаат редовно, а дури ни привремено вработување.

Според Министреството за финансии Ромите сочинувале 0,7% од вработеното население во Република Македонија во 2000 година. Искажано според бројот на невработени, Ромите сочинуваа 3,7% од вкупниот број на невработени лица евидентирани во Заводот за вработување на Република Македонија во истата година. Уделот на Ромите кај лицата кои се невработени подолго од четири години е 4,3%.

Иако не е непозната етнички заснована дискриминација на Ромите при ваботувањето, компаративниот недостаток на Ромите е најмногу поврзан со ниското ниво на образование. Додека 6,1% од невработеното население во Република Македонија во 2000 година не завршиле основно образование, уделот на невработените Роми кои не завршиле основно училиште, на пример, во Битола беше скоро 100%. Исто така придонес за сегашната социоекономска положба на Ромите има и нивната состојба во претходниот режим како резултат на што тие не се добро позиционирани за да би можеле да имаат корист од системската корупција која е карактеристика на посткомунистичкиот период во Македонија.

Како што покажуваат наодите на фокус групите, ако невработеноста често е резултат на ниското ниво на образование, таа исто така во голем дел ги определува материјалните услови во кои живеат ромските семејства. Во исто време, материјалните услови, кои примарно зависат од вработувањето, имаат влијание на здравјето на луѓето кои живеат во тие услови. Како резултат на тоа, невработеноста, ниското ниво на образовние и лошата здравствена состојба прават маѓепсан круг.


назад на почетокот