Мисија  
 
 


ЕЦМП ги унапредува односите помеѓу малцинства и мнозинства во поширокиот Европски контекст преку активности, истражување и документација. Ја поддржува стабилизацијата на областите на етнополитичка тензија и конфликт, придонесува за зајакнување на релевантната легислатива и најдобри практики во управувањето на малцинствата, и го подобрува капацитетот на актерите во граѓанското општество и владите да соработуваат меѓусебно на конструктивен и одржлив начин.


Европскиот центар за малцински прашања, Германско – Дански акционо ориентиран центар на експертиза во полето на разрешување на конфликти, се стреми кон подобрување на односите помеѓу мнозинствата и малцинствата преку подобрување на дијалогот помеѓу релевантните засегнати страни во одредена држава односно регион. Затоа ЕЦМП е инволвиран во градење на капацитети помеѓу малцинските организации и подобрување на капацитетите на владините институции, во насока на подобрување на интеракцијата помеѓу малцинствата и мнозинствата во склад со меѓународните стандарди и најдобри практики.

Во ЕЦМП се комбинирани силна истражувачка основа со акционо ориентиран пристап. Сите проекти на центарот се произлезени од детални проценки на потребите, црпејќи од академската стручност на центарот како и неговото единствено познавање на, и пристап до, заедниците на засегнати лица во регионите. Иако ЕЦМП главно се финансира со владини средства, тој е целосно независен при изборот на своите проекти и нивното извршување. Со оглед на овој карактеристичен статус, ЕЦМП може да биде активен на места каде меѓувладините организации и не-владините организации (НВОа) кои ја немаат оваа привилегија, се соочуваат со потешкотии при работата. ЕЦМП исто така може да делува брзо кога тоа го бара состојбата.

Активностите на ЕЦМП со ромското (’циганско‘) население во Европа започна во 2003 година и може да се категоризира во три категории:
  • Спроведување на глобални проценки на потребите и дизајнирање на мерки врз основа наодите на проценките на потребите;
  • Испитување на можностите за зголемување на политичката партиципација на Ромите на популистичко и елитно ниво; и
  • Поддршка на имплементацијата на владини стратегии за интеграција на Ромите.

Активностите во рамките на сите три категории имаат за цел зголемување на нивото на интеграција на Ромите во општествата во кои живеат со нивно опремување со потребните ресурси за да може да имаат ефективна улога во едно демократско општество базирано на владеењето на правото и за успешно учествување во конкурентскиот пазар на трудот.

Првата глобална проценка на потребите за ромското население во Македонија беше спроведена од страна на ЕЦМП од септември до ноември 2003 година. Резултатите од истражувањето покажаа потреба за мобилизирање на ромски експерти кои ќе работат на интеграција на Ромите во Македонија. Во средината на 2004 година, ЕЦМП отпочна со проектот Ромски експертски групи за интеграција на Ромите во Македонија. Четирите експертски групи организирани околу четирите основни области на образование, здравство, граѓански права и вработување ќе развијат и имплементираат проекти со цел на собирање, и преточување во корисни извештаи, на податоци потребни за обезбедување на основа за дизајнирање на политика која не само што е наменета за Ромите, туку е изготвена од Роми.

Интегрираната анализа на потребите на ромското население во Србија и Црна Гора беше дизајнирана врз основа на методологијата за проценка на потребите која претходно беше успешно применета во првата глобална проценка на потребите на ромското население во Македонија. Анализата во Србија и Црна Гора беше дизајнирана со намера дека извештајот кој ќе произлезе од неа би можел да послужи како основа за работата на Сида со Ромите во Србија и Црна Гора. Врз основа на Интегративната анализа во Србија и Црна гора, спроведена во 2004 година, во декември 2005 ЕЦМП започна со имплементација на проектот “Поддршка на локални ромски координатори”


назад на почеток