Линкови  
 

ЕКРЕ

Европски комитет за еманципација на Ромите (ЕКРЕ) обезбедува единствена не-ексклузивна застапеност во име на европските граѓани кои сакаат да ги промовираат заедничките права на еднаков третман, заштита и подобрување на условите на Ромите во Европа.
ЕКРЕ се залага за елиминирањето на присилното исклучување, зависност и сиромаштија на Ромите. Работиме во насока на постигнување на статус на Ромите како еднакви придонесувачи кон и корисници на економскиот пораст во Европа, преку залагање за еднакви можности и третман, организирање на вработување, инвестиции, обука и едукација на сите возрасни групи.
ЕКРЕ идентификува и застапува практични политики за социјален и економски развој и активности за ефективна социјална и економска вклученост за Ромите во Европската Унија и земјите околу Европската Унија, особено во земјите кандидати за пристапување.
ЕКРЕ ја гледа економската еманципација како есенцијален чекор кон самоодржливост и ефективна социјална интеграција. ЕКРЕ е Групација на европски економски интереси.
http://www.eu-romani.org

РОМСКИ ВЕСТИ
Друштвото Ромски Вести ја нагласува размената на информации. Повисоката цел е просветлување во насока на елиминирање на предрасудите кон Ромите и нивните природни начини на однесување. Обидот е да се изврши позитивна промена на сликата за Ромите оптоварена со предрасуди, во светот за двете страни.
За самите Роми, РВ сака да воспостави еден заеднички идентитет и во исто време да креира мрежа за поддршка. Откога постои мрежата Ромски Вести, доменот бил посетен повеќе од 10 милиони пати. Нашиот билтен веќе неколку години доставува корисни информации до Ромите и другите заинтересирани луѓе.
http://www.romnews.com

ЕЦРП
Европскиот центар за ромски права (ЕЦРП) е меѓународна правна организација од јавен интерес која ја следи состојбата со Ромите во Европа, и се вклучува во низа активности чија цел е борба против анти-ромскиот расизам и злоупотреба на човековите права на Ромите, особено стратешко парничење, меѓународно застапништво, истражување и развој на политики и обука на ромски активисти. ЕЦРП соработува со Меѓународната Хелсиншка Федерација за Човекови Права и има консултативен статус во Советот на Европа, како и во однос на Економскиот и Социјален Совет при Обединетите Нации.
http://www.errc.org

СОРОС
Институтот отворено општество (ИОО) е приватна грантовска фондација базирана во градот Њу Јорк која служи како средиште на мрежата на Сорос фондациите, група на автономни фондации и организации во повеќе од 50 земји. ИОО и мрежата имплементираат низа иницијативи кои имаат за цел промовирање на отворени општества преку формирање на владини политики и поддршка на образованието, медиумите, јавната здравствена заштита и човекови права и права на жените, како и социјална, правна и економска реформа. За намалување и спречување на негативните последици од глобализацијата, ИОО се стреми кон негување на глобално отворено општество со се поголема меѓународна соработка со други невладини организации, влади и меѓународни институции.
http://www.soros.org

Програма за мрежа за жените
Програмата за мрежа на жените (ПМЖ) соработува со Сорос фондациите во насока на промовирање и унапредување на човековите права на жените, еднаквост и давање поголема моќ како составен дел од процесот на демократизација. ПМЖ се залага за давање на поголема моќ на жените Ромки.
http://www.soros.org/initiatives/women

Програма за обука на јавна администрација за избрани ромски лидери
Целта на оваа програма е да обезбеди обука за локално избраните ромски лидери кои учествуваат активно во локалното управување, локалното донесување на одлуки и имплементацијата на локални практики при изготвување на политики.
http://lgi.osi.hu/ethnic/roma/index.html

Ромска културна иницијатива
Ромската културна иницијатива ја поддржува високата култура на Ромите во централна и источна Европа: историја, уметност, јазик, усмена и писмена литература, културна антропологија и музикологија.
http://www.soros.org/initiatives/roma/focus_areas/culture

Интернет весникот на Патрин: Ромска култура и историја
Добредојдовте во Патрин, посветен на ромската (циганската) култура и историја и на проширување на свеста за континуалната борба на Ромите за постигнување на достоинство и слобода. Патрин е ресурсен и информативен центар за ромската култура, социјални прашања, и тековни настани. На Ромите ширум светот, ја испраќаме пораката: ќе се сетиме!
http://www.geocities.com

Иницијатива за едукација на Ромите
Работниот комитет за едукација на Ромите собира предлози од национални Сорос фондации за Иницијативата за едукација на Ромите (ИЕР), поддржана преку Програмата за поддршка на образованието на ИОО - Будимпешта.
http://www.osi.hu/esp/rei/

Програма за стипендии на меморијалниот универзитет на Ромите
ИОО објави програма за стипендии за квалификувани студенти Роми на универзитетско ниво. Средствата за оваа меморијална програма се произлезени од златото опљачкано од страна на Нацистите за време на втората светска војна, кое по тоа преминало во посед на сојузниците.
http://www.soros.org/initiatives/roma/focus_areas/univ_scholarship

Програма за учество на Ромите
ПУР работи да им помогне да самите Роми во борбата за поголема интеграција во општествата на земјите во кои живеат. Програмата има за цел да им даде поголема моќ да учествуваат во демократскиот процес и да се борат за отворено општество во кое тие се еднакви партнери.
http://www.soros.org/initiatives/roma/focus_areas/rpp

Ромаверситас
Ромаверситас е образовна програма за македонските додипломски студенти од ромско потекло во Македонија.
www.romaversitas.edu.mk

Проект за отворен директориум ромски страници
Овие страници обезбедуваат врски со ресурси во области од уметност до образование и вера. Страницата за „Правата“ содржи врски кон низа статии (главно од доцните 1990-ти години) и меѓународни документи поврзани со правата на Ромите како и организации кои работат на ова поле.
http://dmoz.org/Society/Ethnicity/Romani

Партнерство за активност во заедницата (ПАЗ)
ПАЗ е најголема национална организација која ги застапува интересите на Агенциите за активност во заедницата (ААЗ) и други приватни и јавни групи организирани за борба против сиромаштијата на локално ниво.
http://www.communityactionpartnership.com


назад на почеток