Европскиот центар за малцински прашања (ЕЦМИ) ја објави веб страната на најновата програма за Ромите: www.ecmirom.org.
На веб страната можете да ги најдете најновите информации за тековната работа на ЕЦМИ со локалните Ромски координатори и со нивните неромски партнери во локалната самоуправа во тринаесетте општини во Република Србија. Освен општите информации во врска со проектот и активностите кои се преземаат во текот на првата година од проектот за да се подобри работата на локалната самоуправа за да се решат конкретни проблеми во областите во кои е очигледно дека Ромите се маргинализирани, на веб страната се наоѓа и нов дел - на англиски, српски и меѓународен ромски јазик - во кој се презентирани профилите на поедините Ромски координатори кои се главен фокус на проектот. Како и другите досегашни иницијативи во врска со Ромите, и овој проект можеше да заживее благодарение на широкоградите фондови од шведската агенција за меѓународен развој (Сида).
Поестителите на страна на Ромската програма можат да најдат и детали - на англиски, српски и меѓународен ромски јазик - во врска со активностите на ЕЦМИ, подржани од Сида, за проценката на потребите во Македонија. Врз основа на сознанијата добиени од проценката на потребите, проектот основа Серомски експертски групи во областа на образованието, здравството, граѓанските права и вработувањето. Експертските групи изведуваат истражувања кои се основа за подобрување на состојбата на Ромите во овие четири клучни сфери. Најважните сегменти на овој дел се извештаите на експертските групи кои можат да се преснимат.
Ромската веб страна на ЕЦМИ исто така содржи дел (на англиски, српски и меѓународен ромски јазик) за интегралната анализа на ЕЦМИ финансирана од Сида, во која се вклучени Ромите од Србија и Црна гора, изведена во текот на есента 2004, како и дел (на англиски, македонски и меѓународен ромски јазик) за проценката на потребите на Ромите во Македонија, изведена од ЕЦМИ во текот на есента 2003, а финансирана од страна на Сида. И двата дела содржат описни извештаи кои можат да се преснимат.
ЕЦМИ изведува практични истражувања, обезбедува информации и документација, и нуди совети во врска со односите помеѓу мнозинското население и малцинствата во Европа. Организацијата им служи на Европските влади, внатревладините организации, како и на недоминантните групи во Европскиот регион. Центарот исто така ги поржува академските здруженија, медиумите и целата јавност преку навремено обезбедување на информации и анализи. Навременото мониторирање, проучување и разрешување на етничките тензии и потенцијални конфликти во сите региони на Европа - и на исток и на запад - е еден од главните фокуси за активностите на Центарот. Повеќе информации во врска со ова можат да се добијат на www.ecmi.de
За понатамошни информации за активностите на ЕЦМИ во врска со Ромите во Европа, ве молиме јавете се на следната адреса:
Регионал Репресентативе фор Романи Интегратион
Еуропеан Центре фор Миноритѕ Иссуес
Регионал Оффице Скопје
Македонија 29/4
1000 Скопје
Мацедониа
Тел: +389 (0)2 3215 637
Фаџ: +389 (0)2 3215 639
Е-маил: friedman@ecmi.de |